Задолжителниот државен карантин за лица кои доаѓаат од странство се заменува со домашна изолација со приложен негативен ПЦР тест

ИЗВОРСкопје24
|

На оваа седница е изменета и дополнета и Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои и со новите промени доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Македонија приложат ПЦР тест направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Македонија, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.