Заев на свадба кај ракометарката Стојковска

ИЗВОРскопје24
|

Поранешната македонска репрезентативка и дел од ЖРК Вардар, Ива Стојковска, во саботата се омажи за струмичанецот Даниел Пројковски со кого беше неколку години во љубовна врска.

Меѓу бројните гости на нивната свадбената прослава, која се одржала во еден познат скопски ресторан, бил и премиерот Зоран Заев.

Викендот што помина се омажи една од најубавите поранешни ракометарки – Ива Стојковска. Нејзиниот избраник е струмичанецот Даниел Пројковски со кого беше неколку години во љубовна врска.

Инаку Ива пред неколку години ги бранеше и боите на репрезентативниот дрес, беше дел од ЖРК Вардар, а и покрај многуте понуди од странски клубови, таа реши да се повлече од овој спорт.

Извор: republika.mk