Заев: Причината за пожарот ќе ја даде МВР, многу наскоро се очекува извештајот да биде објавен

|

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајки на прашања поврџани со модуларната болница во тетово истакна дека очекува во следните денови МВР први да излезат со детали за пожарот. Заев смета дека тоа нема да пречи на истрагата во Обвинителството, потенцирајќи дека засега нема информации од МВР дали и кога ќе ги објават деталите за причините за пожарот.

– Јас не можам да дадам наредба, налог или некои напатствија на орган кој не е под извршната власт, тоа е Јавното обвинителство. Можам да апелирам час поскоро, по завршување на квалитетна истрага, да се објави, но можам да побарам од МВР, тоа што е делокруг кај нив како орган под состав на владата, да го објават, да го соопштат до граѓаните, затоа што поминуваат неделите и навистина треба да се дадат соодветни одговори, прво за граѓаните, а секако и за нас како Влада да ги носиме соодветните одлуки. Знам дека делот на форензиката, вештачењето кое го направи МВР е доставено до Јавното обвинителство и од тој аспект очекувам во следните денови да се објави од страна на МВР тој извештај, а Јавното обвинителство можат да си продолжат со истрагата, изјави Заев.

Премиерот исто така кажа дека од германските експерти се очекува да стигне нивниот извештај во следните две недели.

„Колку што сум информирамн, после заминувањето на германските експерти, од прилика за две недели да стигне нивниот извештај. Знам дека јавното обвинителствоп работи. Не би можел нешто да кажам ништо од германските форезничари. Германија пријатеслки понуди помош. Очекуваме МВР да го објави форезничкиот извештај и вештачењето, се со цел и ние да можеме да дадеме одговори околу оваа несреќа“, додаде Заев.