Зафатени се сите бараки: Пожарникарите се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот

|

Пожар избувна во раните попладневни часови денеска во скопскиот Градски парк, каде што според очевидци се запалиле старите бараки на Судот за прекршици.

Станува збор за локација на територијата на општина Центар, на парцела на којашто е предвидена изградба на станбени објекти, а порано беа користени како простории од поранешниот суд за прекршоци, објави Нетпрес.

Пожарникарски екипи се на теренот со повеќе возила во напорите да спречат проширување на огнот на соседните објекти.

Засега нема никакви информации за на-страдани.