Започна метеорскиот рој Персеиди – Еве кога може да се види(ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Скопското астрономско друштво преку својот Фејсбук профил информира дека започнал метеорскиот рој Персеиди.

Од крајот на јули па до средина на август, метеорскиот рој Персеиди отпочна со својата активност. Пикот е ноќта од 12ти кон 13ти август. За жал оваа година на овој датум е полна Месечина па нема да има многу што да се види, освен можеби неколку од најсилните метеори . Но доколку сепак сакате да ги гледате персеидите и доколку биде ведро таа ноќ, одберете си некоја темна локација што подалеку од градските светла, најдете си некое столче или лежалка и гледајте да не ви биде Месечината во видното поле, па што уловите уловите. До тогаш уживајте во оваа прекрасна фотографија на мајсторот Петр Хоралек, информираат од Скопското астрономско друштво.