Започнаа снимањата за новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ – Снежана откри како се однесувала Цеца на првото снимање

ИЗВОРСкопје24
|

Започнаа снимањата за новата сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а во неа како најпопуларен член од новото жири е Цеца Ражњатовиќ. Таа, инаку ја замени Јелена Карлеуша.

Откако заврши снимањето на првата емисија од новата сезона Снежана Ѓуришиќ реши да ги откри и првите впечатоци, но и како се однесувала Цеца.

„Одлично, па не може со Цеца да имаме проблеми. Таа има искуство, па ништо не беше спорно“, вели пејачката.

„Одлично помина првото снимање. Кога и да се вратам од одмор, ми недостига се ова, луѓето, целата енергија и атмосфера. Навикнавме едни на други“, вели Снежана.