Запознајте ги арапските моќници – Жените кои возат неверојатно скапи автомобили (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Оние кои тврдат дека жените не знаат да возат после оваа статија ќе го променат тоа размислување. Жените знаат да возат обични, но и суперавтомобили, луксузни и скапи, токму како и мажите.

Во светот постои група на жени на кои им здосадило да седат на местото совозач и бидат убави, додека мажите ги возат наоколу, сакајќи, наместо тоа да остават трага од своите гуми по патиштата. Запознајте ги Арапските газели, жените кои ги освојуваат социјалните мрежи.

Околу 80 жени од 17 нации се дел од овој женски клуб за љубители на суперавтомобили. Овие дами веруваат дека суперавтомобилите не се наменети само за мажите, а нивниот клуб го основаше Мазузи Собати.

Како што вели Собати, кога таа и само уште пет членки отишле да ги тестираат Ferrari California T од 200.000 долари, излегле со две порачки. Замислете ја среќата на продавачот!

Во град како Дубаи, овој клуб има совршена смисла. Жените во овој град кој е олицетворение на богатството, скапоцените автомобили ги купуваат на истиот начин како што работничката класа купува намирници за животот.