Заработуваат додека граѓаните дишат смог: Бар во Њу Делхи им продаваат свеж кислород на своите посетители

|

Загаденоста на воздухот стана многу оп*сна во престолнината на Индија, а додека граѓаните на Њу Делхи со недели се гуш*т во смог, еден бар решил да извлече добивка од тој огромен проблем – продавајќи свеж кислород. Како што пренесува “BBC”, за 15 минути свеж кислород, клиентите треба да издвојат 4 долари.

“Загаденоста во Њу Делхи достигна опасно ниво. Ова секако им дава мала оддишка на клиентите. Вдишувањето на кислород му помага на телото да се детоксицира од загадувањето”, изјавил Арјавер, сопственик на барот. Граѓаните кои доаѓаат на ова место велат дека се чувствуваат како грлото да им е блокирано поради воздухот.

“Тогаш се чувствувам под стрес, чувствувам болка и вкочанетост. Еден мој роднина ми го препорача барот и ми кажа дека свежиот кислород ќе ми помогне да се чувствувам подобро”, изјавила Шивани Чопра.

Иако по ова се чувствуваат подобро, некои клиенти сметаат дека цената е превисока и дека не сите можат да си го дозволат тој “луксуз”.

Но, ниту докторите не се воодушевени од оваа понуда.

“Таквите барови стануваат сè помодерни. Но, тешко е да се каже колку се ефективни. Нашиот проблем е лошиот квалитет на воздухот, а не ниското ниво на кислород, така што дополнувањето со кислород не помага никому”, објаснил д-р Ашиш Јаин.

“Штом ќе излезете надвор, се губи неговото својство, а тие профитираат на сметка на стравот кај луѓето”, заклучил докторот.

точка.мк