Заради ситуацијата ниту еден лекар од источниот регион лани не заминал на специјализација

ИЗВОРТелма
|

Ниту еден млад лекар вработен во болниците и здравствените домови во источниот регион лани не заминал на специјализација.

Во штипската Клиничка болница младите лекари кои чекаат специјализација се ангажирани во центарот.

Првиот човек на оваа регионална болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека годинава ќе бараат пет специјализации за одделите на Инфективно, Анестезиологија, Неврохирургија, Максиофацијална и Ортопедија.

Здравствениот дом во Делчево две години нема реализирано специјализации, од причина што младите лекари или им заминале во странство или си зеле на приватно.

Но, директоркатат Марија Глигоровска вели дека во моментов имаат тројца млади лекари, кои чекаат за вработување и веднаш да ги испратат на специјализација.

Очекуваме годинава три специјализации. Интерно и неврологија за здравствениот дом во Македонска Каменица и уште една за неврологија во Делчево. Мислам дека тие се приоритени за нас бидејќи тука претежно имаме постаро население, вели Марија Глигоровска, директор на Здравствен дом Делчево.

Во кочанската болница, каде што лани во пензија замина единствениот инфектолог, очекуваат да добијат годинава неколку, а во оваа болница 13 лекари треба да се се вратат од специјализации.

Во помалите општини во источниот регион најголем недостиг има од специјалисти педијатри и интернисти.

Викторија Јованова