Жарко Караџовски: Македонија е на врвот, во опција се сите мерки па и целосно затворање на државата

ИЗВОРСкопје24
|

Жарко Караџовски, претседателот на Комисијата за заразни болести во гостување во емисијата Трилинг на 24 вести зборуваше за ситуацијата во која се наоѓаме, и дека се размислува за сите мерки локално, вклучувајќи и целосно затворање на државата.

„Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија – вели претседателот на Комисијата.

„Македонија е на врвот на епидемијата. Македонскиот здравствен систем не е димензиониран да ни се шират повеќе епидемии во исто време, ниту може да одговориме на тоа, вели претседателот на Комисијата за заразни болести.

Меѓу мерките кои се веќе донесени е и мерката за носење на заштитна маска на отворено. Оваа мерка важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.

Мерката нема да важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита, при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее, при престојување во двор на семејна куќа или во угостителски објект со почитување на протоколите за заштита. Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шест годишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.

За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита од болеста. Носењето на заштита маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце се единствените мерки кои можат да го спречат ширењето на заразата. Да бидеме одговорни и совесни, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.