Засегнати и трговски центри и угостителски објекти: Дел од строгиот центар на Скопје утре ќе биде без вода

ИЗВОРСкопје24
|

Поради работа на водоводната инсталација, дел од најстрогиот центар на градот утре ќе остане без вода, известуваат од ЈП Водовод и канализација.

На ден 07.07.2021 (среда) поради промена на шибер Ф 80 мм на ул.Филип 2 Македонски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Филип 2 Македонски од потегот од 11 Октомври до Холидеј ИН, дел од Мирче Мацан, Светозар Марковиќ (Соравија, дел од ГТЦ, Сојуз на Синдикати, дел од Градска Болница, ресторант Национал и сите пропратни објекти од улиците) од 09:00 часот до завршување – се наведува во соопштението.

Доколку вашиот дом или работно место се наоѓа на некоја од овие локации советуваме уште денес да ги подготвите залихи со вода за да не останете утре без најважното нешто во вакви топли летни денови.