Затворен ресторанот на Новак Ѓоковиќ во Монте Карло

ИЗВОРскопје24
|

Вегетаријанскиот ресторан што го  водат Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена е затворен. Ресторанот бил погоден за вегетаријанци и доаѓале многу познати личности.

Новак и Јелена мораа да го затворат ресторанот бидејќи тој дел од градот се реновира. Сите продавници и деловни објекти ќе треба да бидат преместени на одреден период. Двајцата инвестираа многу пари во тој ресторан. Кога им беше кажано дека ќе треба да го затворат ресторанот заради реконструкција, не им беше сеедно. Овој вид на бизнис особено и се допадна на Јелена. Таа долго време го правеше концептот за ресторан кој ќе се заснова на целосно здрава храна, а што би им одговарало и на оние кои живеат и доаѓаат во овој град каде сè се поврзува со гламур – вели изворот.

Новак и Јелена го отворија ресторанот во 2016 година и беа многу возбудени поради тоа.