Затворени за сообраќај два патни правци во Македонија

|

По обилните врнежи од дожд што го зафатија делчевскиот реон во четвртокот, сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица-Делчево, на два километри пред Делчево, се пренасочува преку Виница и Смојмирово, информираат од АМСМ.

Поради реконструкција на коловозот, сообраќајот на патниот правец Подмоље-Охрид на магистралниот пат А3, од вчера е пренасочен преку регионалниот пат Р-1208.

И на двата патни правци поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На останатите државните патишта сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.