Затворските казни за Мијалков од 21 година се намалија на 13, укината е пресудата за “Трезор“

|

Сашо Мијалков по година ипол од изречената осум годишна казна затвор, доби ослободување за случајот „Трезор“. Скопска Апелација, го врати предметот на повторно судење. Сметаат дека има суштествени повреди. Одлуката нема да биде јавно достапна, велат од судот, додавајќи дека тоа е пракса.

„Укината е пресудата и вратено на повторно судење. Тоа е поради суштествени повреди на постапката поради што се доведува во прашање фактичката состојба и примената на законот. Причините се во одлуката. Одлуките со кои се укинуваат пресуди не се анонимизираат. Нема да биде достапна одлуката за јавноста“, велат од Апелација за „А1он“.

Со укинувањето на оваа пресуда, сега ослободени се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски кој доби 15 години затвор, а е во бегство. Ослободен е и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, кому му беше изречена казна затвор од пет години. На поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, судот му изрече затвор во траење од пет години, но и тој е сега слободен граѓанин.

Ослободителната пресуда доаѓа иако Кривичниот суд утврди дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се гонат. Умислено ги сториле делата. Четворицата беа прогласени за виновни, бидејќи судот цени дека тројцата го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски е осуден за помагање. Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра, кои требаше да ги вратат во државниот буџет. Укинатата пресуда ја донесе судечкиот совет на Кривичен, чиј претседател беше Џенета Бектовиќ.

Предметот се однесуваше за набавка на опрема за УБК/МВР и услуги, преку која е оштетен буџетот.

Целиот текст прочитајте го на Макфакс со клик ТУКА.