Здружение на музички педагози Полихимниа Скопје е добитник на грант за проект: “Methods and techniques in music interpretation-The value of art education in developing culture awareness and creativity”, на македонски јазик

ИЗВОРСкопје24
|

“Методи и техники во музичката интерпретација- Важноста на едукацијата во уметноста во развивањето на културната свесност и креативност”, од програмата Ерзмус +.

Партнер училиште за проектот е музичко училиште од Форли Италија „Instituto Massini“ Forli,Italy, каде 10 млади музичари требаше да земат учество во 14 дневен едукативен престој во ова училиште.По спроведената аудиција за избор на 10 млади музичари, во соработка со партнер училиштето од Форли Италија и настанатата здравствена состојба во светот, во договор со Националната Агенција,проектот се одржа виртуелно,преку апликацијата скајп.

Проектот се реализираше од 05.05.2021 година до 19.05.2021 година со 10 ученици по пијано и флејта од три музички училишта од државата: ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ Скопје, членови на ЗМП Полихимниа Скопје- ученици од ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“Тетово и членови на ЗМП Полихимниа Скопје- ученици од ДМУЦ„Сергеј Михајлов “Штип-членови на ЗМП Полихимниа Скопје.

Учениците програмата и часовите ја пратеа преку апликацијата скајп,се разработуваа повеќе соло композицииц,камерни композиции,како и композициикои учениците сами ги напишале.За време на овие денови учениците беа активни во реализацијата, Предавачот беше инспиративен и взаемната комуникација и соработка се одвиваше одлично,со заклучок од двете страни дека вакви проекти треба да продолжат и во иднина.

Часовите се одвиваа во просториите на „Пијано Центар“,каде што ги користевме просториите и инструментариумот(Пијаната).по завршувањето на работилниците,учениците одраа концерт,на кој се преставија со научените композиции.

Проектот следните денови беше представен на одделни средби ,со цел да се споделат добиените искуства и знаења,кои се многу значајни за сите наставници и ученици за понатамошно развивање,изучување нови техники и искуства.

Спроведувач на проектот: ЗМП Полихимниа Скопје

Партнер училиште за проектот – Музичко училиште од Форли, Италија „Instituto Massini“ Forli,Italy
Предавач: Prof.Alessandro Spazolli – композитор, диригент,флејтист Место на реализација: Сала на „Пијано Центар“
Време на реализација: 04.05.2021 година – 19.05.2021 година