Земјотрес во Егејското Море – Почувствуван во Грција и Турција

ИЗВОРСкопје24
|

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Егејското Море, а беше почувствуван во Грција и Турција.

Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри југозападно од грчкиот остров Нисирос, 40 километри од брегот на турскиот град Датца, во југозападна Турција.

Земјотресот е регистриран утрово во 07:31 часот по локално време.

Земјотресот се случил на длабочина од 14,8 километри, а грчкиот институт за геодинамика објави дека неговиот епицентар бил на длабочина од 15,6 километри.

Засега нема информации за повредени и евентуална материјална штета.