Жена-херој: Лепа Брена му го спасила животот на синот Стефан

ИЗВОРСкопје24
|

Оваа приказна ја потврдила и пејачката

Лепа Брена на својот син Стефан Живојиновиќ му го спасила животот кога имал само 2 години.

Младиот пејач открил дека фолк ѕвездата паднала од скали и ја повредила ногата заради него, па поради тоа и ден денес има проблеми со коленото.

– Мајка ми ми го спаси животот кога имав само две години. Живеевме во голема куќа и јас за малку ќе паднев во дупка. Брена кога го виде тоа истрча за да ме запре и мене ме спаси, а таа падна по скалите и се повреди. И благодарам што се жртвуваше за мене, открил Стефан.

– Во 1992 година паднав од скали, од тогаш имам проблеми со коленото и редовно одам на доктор – изјавила Брена.