Жената која живеела 122 години консумирала 3 намирници секој ден: Една од нив особено ќе ги воодушеви љубителите на благо

|

Истражувањето на животните навики на шест луѓе кои имале повеќе од 100 години, довело до интересни заклучоци, а испитувањето го спровела британската компанија Eden’s Gate.

Очекувано, клучна ставка во истражувањето била исхраната на овие луѓе, како и социоекономскиот статус и количината на стрес под кој биле изложени во текот на животот.

Најстарата личност на светот била Французинката Жана Луиза Калман, која живеела дури 122 години, а таа во една пригода открила кои три намирници ги консумирала секојдневно.

Чоколадо – Жана јадела чоколадо по секој оброк. Иако на некои можеби им изгледа чудно, овој производ има бројни здравствени придобивки. Истражувањата покажале дека тоа е корисно за срцето, дека помага во бо рбата против ка нцер и заразни бол ести што го нарушуваат имунолошкиот систем. Секако, тука се мисли на темното чоколадо направено од 70% какао.

Маслиново масло – Американското здружение за бо лести на срцето наведува дека маслиновото масло, помеѓу другото, содржи витамин Е и го намалува нивото на лошиот холестерол. Со самото тоа, ризикот од срцеви забо лувања е помал. Резултатите од истражувањето покажале дека консумирањето големи количини маслиново масло е поврзано со подолг живот. Лекарите советуваат да ги исфрлите од исхраната маргаринот и мајонезот, а да го вклучите маслиновото масло.

Ви но – Калма навела дека особено сакала да пие порто, црвено ви но што се прави во Португалија. Многумина го консумираат овој вид ви но како дел од медитеранската диета, која е прогласена за најздрава. Секако, важно е да го консумирате во умерена количина, не повеќе од една чаша дневно.