Зима среде есен – најавен првиот снег во Македонија

loading...

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на локален дожд претежно на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12 степени, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 20 степени.

Од утре попладне времето ќе биде постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.

Чај против грип и настинка – нема да се разболите зимово

Направете чај за студените денови, кои носат грип, настинка и разни болести.

СОСТОЈКИ:

2 дл. вода
1 јаболка
1 лимон
1 кромид

ПОДГОТОВКА:

Се става водата во шерпа на оган со излупено јаболко и лимон сечен на пола.
Се става и ситно сечениот кромид и се вари.
Кога јаболкото ќе распука исецедете ја водата и по процедувањето на течноста, оладете и испијте.

Сепак, постои и уште еден начин со кој ќе можете да превентирате врз настинката за само 24 часа. Тајната е во брокулата.

Нутриционистката Сара Флауер објаснува како овој зеленчук влијае врз симптомите на грипот. Таа истакнува дека брокулата е полна со витаминот К, витаминот Ц, хром и фолна киселина, кои успешно ќе ги отстранат симптомите.

“Овие познати витамини се од исклучителна помош кога станува збор за борбата против инфекции, па кога ќе го почувствувате првиот симптом на настинка, се препорачува нивното конзумирање како и употребата на цитрон, црвени пиперки. Сите овие производи успешно ќе ви помогнат за да спречете воспалување на грлото”, вели Сара.