Зимата почна да покажува да ја покажува својата сила уште сега – снежна покривка во регионот (ФОТО)

|

Силен дожд кои деновиве паѓаше на целиот балкански полуостров, денес за време на утринските часови на високите подрачја на планината Тара се претвори во снег. Побелеа патиштата и врвовите, а иако станува збор за планински крај, снегот кон половината на октомври и не е толку честа појава на ова подрачје.

„Виулицата не се шегува, снегот вее веќе со часови и формирана е покривка од некои 2 сантиметри. Кој досега не подготвил дрва за огрев, добро задоцнил.

Зимата пристигна доста порано. Од летна гардероба веднаш преминавме на капути“, вели Вељко Милосављевиќ кој во шумата на Тара е ангажиран за извлекување дрва со коњи.