Зимската ски сезона заврши на Попова Шапка

ИЗВОРСкопје24
|

Ски-центарот “Попова Шапка” на официјалната фејсбук страна им соопшти на сите дека ја завршуваат зимската сезона и им се заблагодарија на сите љубители на скијањето.

Ги известуваме сите љубители на скијањето дека заклучно со денес (11.04.2021) завршува зимската сезона во Ски-центарот “Попова Шапка”


Им се заблагодаруваме на сите скијачи што оваа година ни укажаа доверба како никогаш досега и го одбраа нашиот Ски – центар за уживање во зимските спортови.

Оваа година направивме многу, но имаме уште многу што да направиме.