Ѕирнете во луксузната вила на Ѓоковиќ – таму ги помина деновите на изолација, а од раскошот ќе ви застане здивот

ИЗВОРСкопје24
|

Новак Ѓоковиќ своето време во изолација го поминувал во Марбеља со своето семејство.

Од Шпанија, земјата која што беше меѓу најпогодените од коронавирусот, Ноле се јавуваше во многубројни вклучувања во живо со останатите тенисери и пријатели од светот на белиот спорт, но и оние од светот на нутриционизмот, медицината.

Тој исто така беше често критикуван поради некои од своите ставови.

Новак престојувал во Марбеља за да биде поблиску до својот брат Марко кој што живее во тој дел од Шпанија и кој што работи во Академијата Папеа Имаза. Иако Ѓоковиќ речиси постојано се вклучувал во живо од својата дневна соба, за внатрешноста на куќата јавноста речиси ништо не знаеше.

Меѓутоа, вчера протекоа фотографии од вилата со кои јавноста може малку подобро да се запознае со нејзиниот ентериер.

На фотографиите, зад капијата се гледа дека таа поседува базен, но и тениски терен. Исто така во куќата се наоѓа просторна теретана, но и кино во кое што Новак сигурно ужива со неговите деца Стефан и Тара.