Жирито на „ЅГ“ добива нов член: На местото на Карлеуша доаѓа Цеца Ражњатовиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Во новата сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ на местото на Јелена Карлеуша доаѓа Цеца Ражњатовиќ. Како што вели Карлеуша причината за ова повлекување е по нејзина иницијатива, односно поради тоа што таа подготвува нов албум.

– Драги мои, одлучив дека е време да се повлечам од „Звезде Гранда“ пред мојот нов албум и соодветно на тоа по моја иницијатива, ја известив „Гранд продукција“ на 28 јуни оваа година и го раскинав договорот. Ја донесов оваа одлука првично за максимално да им се посветам на објавувањето и промоцијата на новиот албум што доаѓа, напиша Карлеуша на Инстаграм.

Набргу откако „Гранд продукција“ објави дека ќе ја гледаме Светлана Цеца Ражнатовиќ наместо Јелена Карлеуша во новата сезона, социјалните мрежи во Србија беа преоптоварени од коментари!

Фановите на Светлана Цеца Ражнатовиќ ѝ честитаат на пејачката „за победата“ над Јелена Карлеуша, додека „ЈК Армија“ вели – „повеќе нема да те гледаме“, пишува Мондо.

„Јелена е единствената што ја направи програмата, здодевно ќе ѝ биде на Цеца“, гласеа коментарите на Инстаграм профилот на „Гранд продукција“, по што следеа и други.

„Без Јелена, веќе нема да гледаме „Звезде Гранда“, „Вратете ни ја Карлеуша“, но и „Какви глупости, ЈК е незаменлив“.