Жителите на населба Железара протестираат бидејќи главната улица им е претворена во рели

ИЗВОРСкопје24
|

Неколку десетици жители на скопската населба Железара попладнево со блокада на улицата „Коце Металец“ го продолжија неколкудневниот протест со кој бараат надлежните органи да преземат мерки за ограничување на брзината на движење по оваа улица, која ја поврзува Автокоманда со Бутел.

Директен повод за протестот е минатонеделната незгода при која возило „Ауди А5“ движејќи се со голема брзина уд ри во 45-годишна жена пешак, која за жал го изгуби животот. Тпкму поради тоа организаторите на протестот порачуваат дека нема да дозволат ова да остане уште еден заборавен случај и уште еден згаснат живот, нагласувајќи дека е крајно време да се стави ред на сообраќајот

Тие бараат властите да постават лежечки полицаец, односно да преземат мерки за ограничување на брзината низ улицата „Коце Металец“, како и зајакнати полицски контроли или нејзина реконструкција со цел таа да се направи побезбедна за пешаците и велоспедистите.

Учесниците на протестот апелираат и до жителите на останатите населби кои се соочуваат со ист или сличен проблем да го кренат гласот и да не дозволат дивеење по улиците низ градот.

Организаторите на протестот најавуваат дека ќе продолжат со блокада на улицата и во наредните денови во периодот од 16:30 до 18:00 часот.