Живот на „висока нога“: Eве во каква палата живее Здравко Чолиќ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Здравко Чолиќ е миленикот на сите генерации, и со право го носи епитетот за еден од најуспешните и најомилени пејачи во регионов, бидејќи успешно ја води кариерата повеќе од 40 години. Зад него се безброј хитови, албуми и концерти, па поради тоа нормално е да заработува огромни хонорари за настап. Тој со години наназад знае како најдобро да го инвестира своето богатство, а покрај новите албуми и спотови тоа секако се недвижностите. Имено, една од најголемите ѕвезди во регионот живее во најтивкиот дел на Белград, во близина на парк-шумата Кошутњак.

Тој од секогаш ја сакал приватноста и мирот, па поради тоа не сака своето семејство да го изложува на јавни коментари, и многу ретко може да се види некој член од семејството на настап или концерт. Чолиќ со неговата сопруга Александра и ќерките Уна и Лара, живее во луксузна вила лоцирана на Кошутњак далеку од очите на јавноста.

Балканската ѕвезда платила 850.000 евра за својот дом, како што тогаш пишуваа локалните медиуми. Чолиќ се одлучил за оваа куќа затоа што, на неговата сопруга Сандра и на ќерките Уна и Лара, им овозможува целосен мир и бегство од градската врева, а исто така и пејачот може да се рекреира во блиската шума.

Семејството Чолиќ се пресели овде од елитната населба во Дедиње во 2010 година.