Змии низ Скопје: една влегла под хауба на автомобил, друга прегазена во Пржино

|

Скопјани алармираат на внимателност при движење низ главниот град, поради почеста појава на змии. За неколку дена, во два наврати имаше реакција на социјалните мрежи. Едниот случај беше во скопско Пржино каде змија се појавила на улица, другиот во Кисела Вода, каде змија влегла под хауба на автомобил.

„Колата е паркирана кај Дом за слепи на улица ‘Георги Димитров’. Ако некој го знае сопственикот нека го извести“ стои во објавата на „Фејсбук“.

Предупредување за внимателност има и во скопско Пржино.

„Излегоа и змиите во Пржино. Внимавајте на децата! Змијава е прегазена на Милан Мијалковиќ над Хршум кон игралиштето“, напиша жител на населбата кој објави снимка.

Пред три недели, реакции имаше и за појавата на змија, на паркинг во центарот на Скопје. Влечуга беше фотографирана и на кејот на Вардар.


Поврзани објави