На социјалните мрежи е споделена фотографија од змија, која, како што е наведено, се појавила на паркинг во центарот на Скопје.
„Змии шетаат во Центар. Ништо не е искосено, права џунгла е“ пишува во еден од коментарите под фотографијата.
Змии претходно се појавија во Аеродром, но и на кеј на Вардар.
Топлото време ги раздвижи змиите, излегуваат на жешкиот бетон и сѐ почесто може да се сретнат и во градовите.
Таква, голема змија пред два дена исто така беше забележана на кејот на реката Вардар во Аеродром во близина на „Три Бисери“.
Засега нема информации за каков вид на змија станува збор, но на граѓаните им се советува посебно во овој период од годината да бидат внимателни и да ги пазат децата и нивните миленичиња посебно во деловите крај зеленило и вода.
Не обидувајте се да ја фатите змијата доколку ја видите препорачуваат познавачите.