Знаци што покажуваат дека премногу долго сте изложени на сонце

|

Во лето поминуваме повеќе време на сонце, што може да биде добро за кожата, особено поради витаминот Д. Престојот на сонце сепак треба да се ограничи, да не се изложувате на сонце во периодот од 11 до 16 часот и да користите средства за заштита на кожата и косата од УВ зрачењето.

Ако поминете премногу време на сонце, може да се појават некои симптоми. Еве неколку знаци дека сте биле изложени на сончева светлина премногу долго.

Престанавт да се потите

Потењето е природен начин на кој телото ја регулира температурата и нè лади. Ако не се потите откако поминавте извесно време на сонце, а кожата ви е сува и топла, тоа може да биде симптом на топлотен удар, што може да биде доста опасно и да ги оштети органите, вклучително и мозокот. Во тој случај, треба да се засолнете од сонцето, по можност во ладна, затворена просторија. Побарајте медицинска помош, а кожата може да ја оладите со облоги со ладна вода.

Појава на брчки

Брчките се типичен знак на стареење, но тие исто така можат да бидат знак дека се распаѓаат влакната и колагенот поради прекумерна изложеност на ултравиолетови зраци. Ако го забележите овој знак кај себе, ограничете го изложувањето на сонце и редовно ставајте крем за сончање.

Имате осип

Осипот поврзан со топлина и прекумерно изложување на сонце е еден од знаците да се тргнете во сенка. Може да се појават плускавци или црвени пликови. Најдобар третман е да останете во ладна просторија и да ја одржувате сува кожата каде што имате осип. Носете лесна, прозрачна облека што не е припиена до кожата, за да избегнете понатамошно влошување на осипот.

Болка во мускулите

Остри болки или грчеви при вршење на физички активности на сонце, обично се знак на топлотни грчеви, што може да биде симптом на исцрпеност поради топлина. Потењето на сонце може да го намали нивото на сол и хидратацијата, предизвикувајќи мускулни грчеви при напор. Ако се појават топлотни грчеви, седнете на ладно место под сенка и пијте многу течности. Почекајте неколку часа пред да продолжите со физичката активност за да избегнете топлотен удар. Ако грчевите не исчезнат по еден час, побарајте лекарска помош.

Збунетост и вртоглавица

Вртоглавица и збунетост може да бидат знаци на топлотен удар. Топлотниот удар е сериозна здравствена состојба што се јавува ако некое лице е премногу изложено на топлина и сонце.

Главоболка и гадење

Остра главоболка и гадење обично се знаци на топлотен удар. Ако ги почувствувате овие симптоми, веднаш побарајте медицинска помош. Повраќање, забрзан пулс и многу црвена кожа се некои од симптомите на топлотен удар