Значително посвежо време со повремени врнежи од дожд

ИЗВОРскопје24
|

Времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.

Денеска е 19 септември и се прославува празникот свети архангел Михаил.

Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (Јулијански календар).

Се вика Собор на свети архангел Михаил.

Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил.