Знаете ли кои се луѓето, чиј лик е на картите? Еден од нив е Александар Македонски

ИЗВОРСкопје24
|

Една од најпопуларните игри, досега сме ја гледале површно. Секоја карта има број, знак, и лик. Но, дали сте знаеле кои се тие ликови? Не се само кралеви, дами и џандари… Картите со знаците треф, пик, каро и херц, почнале да се користат во Европа и станале модел шпил од 52 карти кои се користат и денес.

Потеклото и концептот на играта доаѓа од Франција и е измислена дури во 15 век. Сите ликови од картите биле нацртани во чест на големите личности. Така:

Крал херц – Францускиот крал Карло Велики. Крал треф – Македонскиот крал Алесандар велики. Крал пик – Израелскиот крал Давид. Крал каро – Римскиот војсководец Цезар.

Дама херц – Библиска личност, вдовцата Јудит. Дама каро – Рахила, жена на пророкот Јаков. Дама треф – Аргина, митолошка принцеза од Арга. Дама пик – Атина, грчката божица на мудроста.

Џандар херц – Етијен де Винјолес, се бор ел заедно со Јованка Орлеанка. Џандар треф – Јуда Макавејски. Џандар пик – Холгар – личност од данската епска поезија. Џандар каро – Грчкји херој Хектор.