Знаевте ли дека „Големиот брат“ всушност е русокоса „сестра“, денес позната ТВ водителка? (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Првото големо реално шоу што започна да се емитува во Србија, но и во целиот регион, беше „Големиот брат“. Ова ријалити се здоби со огромна популарност, отворајќи ја вратата понатаму за ваквите и слични ТВ формати, а во последнота сезона победник беше и нашиот Дарко – Спејко.

Сепак, малкумина знаат дека „Големиот брат“, кој со мутиран „роботски глас“ зборуваше со учесниците речиси секој ден во нивната исповед, всушност не беше „брат“, туку “сестра“… И тоа русокоса! И тоа не беше никој друг, туку денес познатата и популарна ТВ водителка, Душица Јаковљевиќ.

Таа во тоа време била ПР на продуцентската куќа „Емоушн“ која стоеше зад проектот, а после тоа стана водителка на бројни ТВ формати и емиси, вклучувајќи ги „Се’ за љубов“, „Пинковите ѕвезди“, „Фарма“ и „Задруга“.