Зоки „Фаци“ беше човекот кој вчера го најде синот на Роџер

ИЗВОРСкопје24
|

Зоки „Фаци” е човекот кој го пронајде Давид, синот на Зоран Роџер на автопатот во Катланово каде бил да се прошета во мир и тишина, пренесува Либертас.

-Кратко претходно видов на порталите дека го бараат Давид. На стариот пат од Катланово кон Скопје го видов, закочив и го повикав, ме препозна, поразговаравме малку. Беше вознемирен рече дека одби да се врати дома и ќе оди во манастир, но потоа се премисли и прифати да го однесам кај баба му – вели Василевски за порталот.

Вчера кога негови блиски не можеле да го најдат пуштија апел за помош. Се јави и татко му од Австралија кој исто таа побара помош. По апелот за помош да се пронајде Давид синот на Зоран Роџер, по кој се крена цело Скопје да го бара.

Зоки Фаци кој има семејна куќа во Катланово и добро го познава теренот кога го видел апелот и тој се обидел да го бара момчето и успеа да го пронајде здрав и жив.