Зоолошката градина избрка 10 лица

ИЗВОРСкопје24
|

Десет посетители биле избркани денеска од Зоолошката градина во Скопје, поради непочитување на кодексот на однесување.

Денес избркани 10 луѓе поради хранење. Пцуена, колнета ама ред мора да има, вели Тина Мицковска, задолжена за односи со јавноста, на „Фејсбук“.

Во скопската Зоолошка градина од средата се поставени табли со кодекс на однесување, со кој на посетителите им се укажува дека доколку ги хранат, вознемируваат или фрлаат ѓубре во животинските живеалишта можат да бидат казнети и отстранети од Градината.

Поставени табли со кодекс за однесување на пет локации во Зоолошка градина Скопје. На таблите јасно е истакнато дека…

Gepostet von Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје am Mittwoch, 10. April 2019

На таблите јасно е истакнато дека секој кој храни, вознемирува, допира животни и фрла отпадок во нивните живеалишта, може да биде отстранет од градината, но и подлежи на казна. Искрено се надеваме дека ќе ги почитувате правилата за поубава градина и благосостојба на животните, велат од ЗОО Скопје на Фејсбук.