Зоран Заев: На нас како Влада воопшто не ни одговара да имаме карантин

ИЗВОРСкопје24
|

Вечерва, во најновото издание на „Само интерјву“ соговорник на новинарот Гоце Михајловски му беше премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Помеѓу темите кои кои ги опфатија беше и прашањето за воведување на повторни рестриктивни мерки, како полицискиот час или пак затворање на угостителски објекти.

Премиерот Зоран Заев изјави дека нема да има воведување нови карантини поради ситуацијата со новата болест за да не дојде до уништување на економијата.

– Ако ме прашувате дали ќе има карантини, одговорот е „не“, нас не ни одговара да ја уништуваме економијата ниту пак социјалниот живот на граѓаните,но доколку Комисијата за заразни болести процени дека има потреба од воведување полициски час на нас останува само да прифатиме, рече Заев.

Тој објасни дека засега се размислува пред се како да ги наградат здравствените работници, кои беа во првите редови на здравствената криза.

– Имаме доволно болнички капацитети, им симнувам капа на здравствените работници и на Комисијата за заразни болести – рече Заев и повика граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита и да внимаваат при организирње прослави и свадби.