Зоран Заев во Еден на Еден: Живеам како студент во Скопје, се хранам со паштети, виршли и салама

ИЗВОРСкопје24
|

Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5, Заев на Жаре раскажал многу приказни, велат од продукцијата. Меѓу нив, и дека Заев живее сам во Скопје во премиерската вила.

„Живеам како студент од Струмица во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да спржам – се пожалил Заев.

На прашањето на Жаре, тогаш како се храни, тој рекол: „Јадам што ќе најдам во фрижидерот, паштета, салама, виршли“! Гревче… Вака слушајќи го, ти иде просто да го жалиш!

Во „Eден на Eден“, Заев зборувал и за семејството, детството во Муртино и својата прва работа и првите заработени пари.

Зоран Заев вели дека тринаесет години по ред не славел Нова година. Во шоуто Еден на Еден, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5 од 18.30, Заев на Жаре му раскажал каде најубаво си поминувал за Нова година.

„Тринаесет години по ред, Новата година ја чекав во заводот за заштита Бања Банско, со децата со посебни потреби. Знаете како, мене Новата година ми е како излегување во сабота вечер. Од навечер, до рано наутро, бев со тие деца. Ни беше многу убаво, пеевме песни од Тоше Проески, стари македонски песни“, се присети Заев за периодот кога бил градоначалник на Струмица.

Поранешниот премиер за себеси зборува од другата страна на политиката, дека со истите другари се дружи долги години и уште многу интересни податоци од својот приватен живот.