Зорица Брунцлик се појави на снимање во „Ѕвездите на Гранд“ – откри дали ќе се врати како член на жирито

ИЗВОРСкопје24
|

Иако порано беше дел од жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ сега на изненадување на сите повторно се појави на снимањата во шоуто.

– Не сум излезена веќе една година, освен за некои настани кои ги сметам за пријатни работи. Малку сум нервозна, емоциите и сеќавањата се враќаат, имаше многу убави денови тука. На некој начин, се чувствувам малку вознемирено, позитивно – рече популарната пејачка на народна музика и додаде:

– Моите спомени од Шабан не се враќаат тука. Ручеци за паметење, шеги, дружења. Со заминувањето на Шабан, тоа веќе го нема. Ми недостига дружењето. Таа приказна, размена на дискусии, спротивставување на мислења … Бев член на жирито тука две сезони.

Зорица проговои и за тоа дали би се вратила повторно назад како член во жирито, па кажа дека сите карти се на маса, но сето тоа зависи од тоа кој ги меша картите.

– Членовите на жирито најмногу внимание посветуваат на нивниот стајлинг. Мислам дека кандидатите и жанровите на музиката се променија во овој состав на жирито. Лично, мислам дека мора да има рамнотежа, народната музика е она на што почиваме … Јас би го сторила тоа сосема поинаку. Кога ќе се вратам во жирито, ќе имам конфликти со сите. Во времето кога бев во жирито, тоа беше формат за натпреварување со елементи на шоу-програма. Денес, тоа е шоу програма со елементи само на натпревар, така ја доживувам.

За Саша Поповиќ имаше да додека дека тој всушност е најслабата алка. Таа додаде дека не се скарака со никого и не се видела со никого, едноставно животот ја носел на други места па сега секој ужива на свој начин.

Извор: Вистина.мк