Зошто мачките толку многу сакаат кутии?

ИЗВОРСкопје24
|

Сите знаеме дека мачките обожаваат кутии. Малку е фрустрирачки кога на вашата мачка ќе ѝ купите нов кревет, а таа упорно спие во кутијата од тој кревет.

Според истражувањата, мачките обожаваат кутии бидејќи тие им го намалуваат стресот. Во 2014 година, истражувачите од Универзитетот во Утрехт решиле да ја тестираат оваа теорија и направиле едно истражување.

Лежењето во кутии навистина им го намалувало нивото на стрес кај мачките. Во истражувањето биле вклучени 19 мачки, од кои 10 имале кутија.

По неколку дена, истражувачите виделе дека мачките што имаат кутии имаат пониско ниво на стрес за разлика од мачките што немале свои кутии.