Зошто цените на половните автомобили во Германија се постојано во пораст?

ИЗВОРскопје24
|

На Германскиот пазар во моментов се случуваат промени. Во споредба со јануари 2019 година, во јануари 2020 година просечната цена на користени автомобили се зголемила за 350 евра. Ова е информација според порталот Autoscout24, кој е специјализиран за продажба на користени возила. Цената на просечен користен автомобил сега е 20.828 евра. Ако цените се споредат во декември 2019 и јануари 2020 година, нема поголеми промени.

Во однос на последниот месец од минатата година, во јануари 2020 година најмногу се зголемија цените на луксузните автомобили (1,5 %), но и цените на малите градски автомобили (нивната просечна цена беше 10.885 евра) и SUV (просечна цена од 27.880 евра). Цената на моноволумите и автомобилите од средна класа опадна и тие чинат во просек 20,353 евра.

Инаку, Германија важи за една од земјите со силна автомобилска индустрија. Домашните организации за заштита на потрошувачите, како и специјализираните медиуми честопати прават и објавуваат анализи поврзани во возилата – колку се популарни, барани, издржливи и колку корисникот има доверба во нив.

Нивните анализи честопати се корисни за нашите возачи, со оглед на тоа дека добар дел од автомобилите завршуваат на нашите пазари за половни возила.

На врвот на листата, односно модели со најмалку поплаки од оригиналните корисници, се Porsche 911, Audi TT и BMW X1.

Секако, начинот на кој сопствениците се грижеле за своите возила исто така игра улога, но и квалитетот на производството исто така е важен.