Зошто единствено само буквите “F” и “Ј” на тастатурата имаат цртички?

ИЗВОРСкопје24
|

Цртичките на буквите “F” и “Ј” не се тука без причина, а таа е всушност прилично едноставна.

Со сигурност сте забележале дека на тастатурата единствено само буквите “F” и “Ј” имаат цртички, но ако сте помислиле дека се работи за чиста случајност, дефинитивно сте се излажале. Цртичките на тие букви се токму таму со причина којашто е крајно едноставна, а тоа е лоцирање на вистинските букви без потреба за гледање во тастатурата, пишува The Independent.

Кога показалците од двете дланки ќе се постават на буквите “F” и “Ј”, прстите од левата дланка ќе ги покријат буквите “A”, “S” и “D”, додека прстите од десната дланка ќе се најдат врз буквите “J”, “K”, “L” и на македонската тастатура буквата “Ч”.

При ваков распоред на прстите на тастатурата, палците ќе се најдат на тастерот “space”.

Цртичките на буквите “F” и “Ј” се пронајдок зад којшто стои Џун Е. Ботич, a целта е да се постигне побрза работа на тастатурата, со голема точност.