Зошто Volvo Cars се безбедни за секое тело, женско или машко

ИЗВОРСкопје24
|

Зошто Volvo Cars се безбедни за секое тело, женско или машко
Кај Volvo Cars, разновидноста и вклучувањето се суштински дел од културата на компанијата. Успехот на Volvo Cars е изграден врз јачината и сознанијата добиени од различни позадини, перспективи и искуства.

Овој начин на размислување го продлабочува пристапот на компанијата кон безбедноста и е важна причина за лидерството на Volvo Cars во безбедноста. Кога безбедносните инженери на компанијата работат да ги развијат најбезбедните можни автомобили, тие секогаш имаат за цел да ги направат нашите автомобили подеднакво безбедни за сите, женски или машки и се фокусираат на оние групи кои се најзагрозени.

Ова не е толку очигледно како што звучи. Жените се во поголема опасност да бидат повредени во сообраќајни незгоди. Ова се должи на вродените разлики во анатомијата и силата, но исто така и затоа што машките историски – како и во многу други области – биле норма во безбедноста при незгоди, како што може да се види од мнозинството на кукли за тестирање на незгоди. Но, не кај Volvo Cars.

Благодарение на истражувањата за безбедноста направени во текот на половина век, а засновани на незгоди во реалниот свет, Volvo Cars успеа да идентификуваат какви повреди се појавуваат при различни незгоди кај мажите, жените и децата и го пренесе оваа знаење во својот безбедносен инженеринг.

Компанијата исто така ги споделува своите знаења и увид со другите и има долга историја на тесна соработка со владите, регулаторите и другите истражувачи, со цел да го направи сообраќајот побезбеден за сите.

„Знаеме дека треба да се земат во предвид полот, возраста, големината и обликот за да се заштити секое тело“, рече проф. Лота Јакобсон, една од најискусните експерти за безбедност на Volvo Cars. „Затоа се трудиме да ги разбереме основните причини и да го искористиме тоа знаење за да развиеме безбедност во нашите автомобили, докажано со многуте иновации во текот на годините, што помагаат да ги задржат мажите и жените побезбедни во Volvo автомобилите“.

Во 1970 година, формиран е тим за истражување на сообраќајните незгоди во Volvo. Оттогаш, тимот собра и анализира податоци од повеќе од 40.000 автомобили и 70.000 патници. Ова доведе до многу иновативни системи во Volvo автомобилите денес. Иновациите како што се системот за заштита од повреда на вратните пршлени (WHIP), системот за заштита од страничен удар (SIPS) и воздушните завеси опишани подолу:

• Жените генерално се изложени на поголем ризик за повреда на вратот од мажите, главно заради разликите во анатомијата. Но, не во седиштето на Volvo, благодарение на Системот за заштита од повреда на вратните пршлени (WHIPS), кој комбинира робустен потпирач за глава со паметен дизајн на седиштата за да ги поддржува главата и грбот, заштитувајќи го вратот. Откако првично забележавме релативен поголем пад на повредите кај жените во Volvo автомобилите со WHIPS системот, технологијата сега обезбедува споредливи ризици од повреди на вратот кај мажите и жените и ги преполови долгорочните ризици за повреди, во споредба со претходните автомобили на Volvo.

• Жените се со поголема веројатност од мажите да претрпат повреда на градниот кош при сообраќајна незгода, поради разликите во јачината на скелетот. За оптимална заштита, Volvo Cars континуирано ја развива својата структура на автомобилите и воведе странични воздушни перничиња за да го минимизира влијанието врз патниците. Неговиот систем за заштита од страничен удар (SIPS) се потпира на интелигентна структура за зајакнување на целокупната безбедност. Всушност, заедно со воздушно перниче за заштита од страничен удар на телото, системот SIPS ги намалува тешките повреди на градниот кош за над 50% кај мажите и жените, во споредба со Volvo автомобилите пред воведувањето на SIPS системот.

• Жените исто така беа во фокусот кога ја развиваше воздушната завеса (IC). Разликите во висината помеѓу луѓето ја прават воздушната завеса (IC), што го покрива целиот прозорец витална безбедносна карактеристика, обезбедувајќи неопходна заштита на главата при страничен удар. Заедно со SIPS системот и со воздушно перниче за заштита од станичен удар на телото, воздушната завеса (IC) го намалува ризикот од сериозни повреди на главата за околу 75% во однос на Volvo автомобилите пред SIPS системот. Воздушната завеса (IC) беше првото воздушно перниче, што понуди подобрена заштита, за патниците на предните и на задните седишта.

• За да дознае повеќе за бремените жени во сообраќајни незгоди, Volvo Cars ја разви првата бремена кукла со просечна големина за тестирање на виртуелни незгоди. Компјутерскиот модел овозможува истражување за областите, како што се движењето на патниците и како безбедносниот ремен и воздушното перниче помагаат во заштитата на жената и фетусот.

Неодамна, податоците за истражување на Volvo Cars ја истакнаа релативната важност за заштита на лумбалниот ‘рбет, или долниот дел на грбот, кај сите луѓе, без оглед на полот и големината. Понатамошните анализи и истражување го натераа да се фокусира на комплексноста на сообраќајните незгоди со излетување од патиштата и на предизвиканите повреди при истите. Како резултат на технологијата, претставена прво во XC90 и сега во сите возила базирани на SPA, истата е апсорбер на енергијата во седиштата што оди подалеку од она што е регулаторно барање за производителите на автомобили.

Дознајте повеќе за пристапот на Volvo Cars кон безбедноста и споделувањето сознанија за побезбедни автомобили за секое тело: https://www.volvocars.com/intl/why-volvo/human-innovation/future-of-driving/safety/cars-safe-for-all.

Volvo Car Group во 2019 година

Во финансиската 2019 година, Volvo Car Group забележа оперативен профит од 14,3 BSEK (14,2 BSEK во 2018 година). Приходите во текот на овој период изнесуваат 274.1 BSEK (252.7 BSEK). За целата 2019 година, глобалната продажба достигна рекордни 705.452 (642.253 во 2018) автомобили, што претставува зголемување од 9,8 отсто наспроти 2018 година. Резултатите ја нагласуваат сеопфатната трансформација на финансиите и работењето на Volvo Cars во последните години, позиционирајќи ја компанијата во следната фаза на раст.

За Volvo Car Group

Volvo дејствува од 1927 година. Денес, Volvo Cars е еден од најпознатите и најпочитувани брендови во светот, со продажба на 705.452 автомобили во 2019 година во околу 100 земји. Volvo Cars е во сопственост на Zhejiang Geely Holding (Geely Holding) од Кина од 2010 година.

Во 2019 година, Volvo Cars имаше во просек околу 41,500 вработени со полно работно време. Дирекцијата на Volvo Cars, развојот на производи, маркетинг и административни функции се наоѓаат главно во Гетеборг, Шведска. Дирекцијата на Volvo Cars за APAC се наоѓа во Шангај. Главните фабрики за производство на автомобили се наоѓаат во Гетеборг (Шведска), Гент (Белгија), Јужна Каролина (САД), Ченгду и Даќин (Кина), додека моторите се произведуваат во Шкоде (Шведска) и Жангџаку (Кина) и компонентите во Олофстрём (Шведска).

Под новата намера на компанијата, Volvo Cars има за цел да им обезбеди на клиентите Freedom to Move на личен, одржлив и безбеден начин. Оваа намера се рефлектира во голем број деловни амбиции: на пример, до средината на следната деценија има за цел половина од својата глобална продажба да биде од целосно електрични автомобили и половина од својата добивка да биде акумулирана од својата директна продажба. Volvo Cars, исто така, се посветени на континуирано намалување на својот јаглероден отпечаток, со амбиција да биде климатско-неутрална компанија до 2040 година.