Времето денеска: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

|

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 34 степени.

Во петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на УХМР, за време на викендов ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и пад на температурата за неколку степени.