Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

|

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а на североистокот од земјата значително облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен, ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и потопло време со повеќе сончеви периоди.